Еразмус+ проект

Партнери во проектот од 6 држави
Fermat

FERMAT SCIENCE

(Франција)

Здружението Fermat Science има за цел промоција и популаризација на математиката и природните науки, како и наследството и културата преку ликот и делото на познатиот математичар Пјер Ферма. (Pierre Fermat)
Со своите активности за популаризација , Fermat Science се надева дека ќе даде свој придонес во охрабрување повеќе млади луѓе (особено девојчиња) да бираат кариера во науката.
Тие развиваат наставни алатки и презентации, организираат настани и работилници за училиштата и за пошироката јавност. За секој од развиените проекти, научен совет врши валидација на алатките.
Fermat Science непрекинато се развива веќе неколку години.
Преку повеќе партнерства во текот на изминатите години стекнале голема популарност.
Од 2014, презентаците и образовните помагала создадени од ова здружение се користат ширум државата, а од 2015 година и во некои европски држави.

Logopsycom

LOGOPSYCOM

(Белгија)

Logopsycom е образовен иновативен центар кој создава и користи алтернативни методи или средства (дигитални и недигитални) како помош на училиштата, образовните организации, младите луѓе и нивните родители.
Првично бил создаден како грижлива компанија, специјализирана во тешкотии при учењето кај младите, особено со „Дис“ (Диспраксија, дисфазија, дислексија и сл.), воедно наречени и специфични потешкотии при учењето. Од таа причина, секогаш се грижи за пристапноста на целата содржина.
Во последните години развивме експертиза во ИКТ со цел поголема ефикасност и за да имаме можност да презентираме сериозни материјали како што е СТЕМ или странски јазици, на различен начин.

www.logopsycom.com

GoINNO Institute

(Словенија)

Институтот GoINNO е основан 2016 година како непрофитна приватна организација посветена на промоција на науката и СТЕМ образованието.
Целта на институтот е зголемување на јавната свест за важноста на СТЕМ, и мотивација на младите генерации да ја засакаат науката, па можеби и да ја изберат како своја професија.
За очекување е дека СТЕМ професионалците ќе бидат се повеќе барани во годините кои доаѓаат ,невработеноста може да се намали, доколку повеќе деца одлучат да се занимаваат со СТЕМ кариери.
Една од целите е и да ја зголемиме свеста на широката јавност дека СТЕМ е значајно и интересно подрачје со директно влијание врз нашата иднина, бидејќи квалитетот на животот зависи од СТЕМ преку иновации во науката, технологијата и машинството.

Escolar

CEPROF

(Португалија)

CEPROF означува “Centros Escolares de Ensino Profissional”, што во превод значи „Училиштен центар за стручно образование“.
Основан е во 1991 година конкретно заради создавање на Средното стручно училиште во Еспињо (ESPE – Escola Profissional de Espinho).
Заедно, во трите години на траењето на ВЕТ обуките организирани од ESPE, CEPROF успеа да го вметне стандардот за ученици од ниски социо-економски опкружувања, а потоа и ниската дигитална писменост во националните препораки за роботика.
На ниво на 3D печатење, CEPROF има неколку 3D принтери, машина за компјутерска нумеричка контрола (CNC) за обликување метал, како и симулатори, кои се сите достапни за употреба на практикантите.
Практикантите се обучуваат за користење на овие машини, а можат да ги користат и по редовните часови, за развој на нивни проекти.
Со ваков отворен пристап, CEPROF ја поттикнува иновацијата кај практикантите, како резултат на што тие често освојуваат награди на натпревари.

NPG

NARVA PÄHKLIMÄE GÜMNAASIUM

(Естонија)

Училиштето се наоѓа во североисточниот дел на Естонија и нуди основно и средно образование.
Во учебната 2018/19 година училиштето имало 985 ученици, како и добро поставен, вреден и креативен тим од 80 наставници.
NPG го користи eKool, систем за училиштен менаџмент кој се користи во Естонија и покрива 90% од државната училишна мрежа, со што ги поврзува сите ученици, родителите и наставниците од 2003 година па наваму.
Задолжителното основно образование во Естонија трае 9 години.
Задолжителните предмети се изучуваат на два јазици: естонски и руски.
Програми за изучување на јазикот за естонски и англиски јазик се имплементираат почнувајќи од прво одделение.
Изборните предмети се обезбедуваат на сите училишни нивоа на различни теми во зависност од потребите и идните планови на учениците.
Изборни предмети: Економија, математика, информатика, додатни часови по биологија, општествени науки, старт-ап, креативен внатрешен дизајн, германски и англиски.

SOU

SOU Jane Sandanski Strumica

(Северна Македонија)

Училиштето се наоѓа во самиот центар на градот.
Училиштето е основано од Општина Струмица, и датира од 05.02.1947 година. Училиштето е многу успешно, се прилагодува се на промените и постигнува значајни резултати со кои особено се гордееме.
Како средно училиште со комбинирано образование (гимназиско и стручно- економско), Јане Сандански е регистрирано како независен правен субјект.
Училиштето има 45 паралелки и околу 1400 ученици кои следат настава во две смени. Вработени има вкупно 102: 90 наставници, 1 директор, 2 одговорни на смена, 1 психолог, 1 педагог, 1 дефектолог и 2 библиотекари.
Сите вработени имаат соодветно високо образование и голем број сертификати од реализирани обуки.
Високо обучениот персонал гарантира квалитетно образование.
Во училиштето има неколку ученици со посебни потреби и тие се вклучени во редовниот наставен процес, согласно образовните политики во државата.
Најголемиот број ученици се Македонци, но има и ученици од ромска и турска националност.
Имаме ученици со различен социо-економски статус. Речиси една третина секојдневно патуваат од околните населени места.
Училиштето е едно од најдобрите во државата.